Меѓународен фестивал „Тиквешка ракијада 2025“

29

Меѓународниот фестивал на ракијата наречен „Тиквешка ракијада 2025“ го најавија од Здружението ,,Ж’та – македонски ракијари”. Оттаму упатија јавен повик за доставување мостри ракии произведени од регистрираните мали дестилерии и индивидуални производители, за дегустација и оценување, до 11 мај.

– Ние, како здружение на производители и мали дестилерии за јаки алкохолни пијалаци, го организираме фестивалот по трет пат, заедно со Винскиот музеј за регионот Тиквеш во Кавадарци, под покровителство на градоначалникот и на локалната самоуправа – информираа организаторите на настанот, кој ќе се одржи на 21 јуни. 

Ќе се оценуваат; лозова жолта до три години и постара, лозова бела и мастика, овошни ракии од слива, диња, кајсија и крушка, ликери, други специјални ракии. За повеќе од седум пристигнати мостри на одреден вид ракија, ќе се формира посебна категорија за оценување. Организаторот најави награди, информирајќи дека оценувањето ќе биде извршено од единаесетчлена комисија од сертифицирани оценувачи од земјава, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и од Индија.

 

ИЗДВОЕНИ