Меѓу загинатите Филип Стевановски, директор на ЦК „Ацо Шопов“ и член на ДНК

1124

Меѓу загинатите во големата несреќа во дискотеката „Пулс“ во Кочани е и музичарот Филип Стевановски, директор на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип.

Стевановски беше продуцент, пијанист, тромбонист и композитор, магистар по џез науки.

Стевановски свиреше во бендот „ДНК“, а на 24 јануари годинава беше избран за нов директор на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип.

-Со длабока тага и неверување ја споделуваме веста дека нашиот раководител Филип Стевановски трагично го загуби животот во несреќниот настан во Кочани. Иако беше со нас неполни два месеци, неговата посветеност, професионалност и човечност оставија неизбришлива трага во нашиот тим, стои на Фејсбук страницата на Центарот за култура „Ацо Шопов“ – Штип.

Фото: Фејсбук

ИЗДВОЕНИ