Централниот дефанзивец од редовите на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер, потврди дека преговара со раководните лица кои му понудиле продолжување на соработката. Репрезентативецот на Англија има договор со „црвените ѓаволи“ до крајот на актуелната сезона, но британските медиуми открија дека дефанзивецот ќе остане на „Олд Трафорд“ најмалку до 2027 година.