Меган и Хари ретко се појавуваат заедно на јавни настани, а се погласни се шпекулациите дека нивната врска е на стаклени нозе.
Неодамна не стивнуваат приказните за тензиите во бракот на Меган Маркл и принцот Хари.
Гласините за можен развод беа дополнително засилени со ретките заеднички појавувања.
Сепак, се чини дека војводата и војвотката од Сасекс сега имаат план да ги демантираат ваквите наводи и да му покажат на светот дека сè уште се обединети и приватно и професионално, пишува The News International.
Меган Маркл се обидува да го спаси својот брак
Меган Маркл ќе му се придружи на принцот Хари на претстојните Invictus Games, натпревар основан од војводата од Сасекс во 2014 година за поддршка на ранети и болни воени ветерани.
Оваа година игрите ќе се одржат во Ванкувер и Вистлер, Канада од 8 до 16 февруари, а Меган го потврди своето присуство.
Оваа вест доаѓа во време кога медиумите се повеќе шпекулираат за нивните брачни несогласувања, а некои сметаат дека тоа е нивниот начин да покажат дека се уште се силен тим.
Invictus Games ќе биде првото официјално појавување на Меган и Хари по нивната турнеја низ Колумбија во август минатата година. Во јануари тие беа видени заедно во Калифорнија додека волонтираа во организацијата „Светска централна кујна“, додека помагаа во дистрибуцијата на храна за жртвите од пожарите во регионот. Сепак, ретките заеднички појавувања беа доволни да предизвикаат медиумски шпекулации дали нивниот брак е во криза.
– Мислам дека е одлично што доаѓа Меган. Многу се зборува за нив и нивниот брак, но ова ми се чини дека е јасен знак дека не се разделени. Изгледаат како да сакаат да покажат дека се обединети кога се работи за работи што им се важни – изјавил еден од присутните во Ванкувер за магазинот People.
Игрите имаат посебно значење за парот, бидејќи тие го направија своето прво официјално појавување заедно на Игрите Invictus во Торонто во 2017 година, потврдувајќи ја нивната романса во тоа време.
Тие подоцна присуствуваа на Игрите во Сиднеј во 2018 година, само неколку дена откако Кенсингтонската палата објави дека Меган го очекува нивното прво дете, синот Арчи.
И покрај постојаните медиумски шпекулации, принцот Хари постојано нагласува дека не обрнува внимание на гласините за неговиот брак.
– Наводно, веќе десетина пати сме се разведувале, купивме и се вселивме во десетина куќи. Тие приказни немаат основа – изјави војводата од Сасекс во едно интервју.