Меган Маркл е опседната со Кејт Мидлтон: Зборуваше дека има „мозок на дете“, за сега да ја копира!

174

Меган Маркл се најде на удар кога го откри своето ново хоби, бидејќи беше обвинета дека повторно ја копира Кејт Мидлтон.

Откако Меган Маркл ја напушти Велика Британија со сопругот Хари во 2020 година, се појавија шпекулации за нејзината лоша врска со Кејт Мидлтон.

Принцот Хари пишувал за нивните кавги и несогласувања во своите мемоари. Тој ја сподели и ситуацијата кога Кејт заборавила одредени планови за свадбата на Хари и Меган, на што војвотката од Сасекс рече дека Кејт има „мозок на дете“.

Идната кралица и замери поради тоа, а Хари во книгата напиша дека Кејт и Вилијам ја презирале Меган. Меѓутоа, сега се чини дека тие две имаат некои слични хобија.

Меган Маркл ја копира Кејт Мидлтон

Во својата нова серија „Со љубов, Меган“, војвотката од Сасекс ја откри својата страст за пчеларството, пренесува Yahoo Entertainment.

Познато е дека Чарлс и Камила, како и принцезата од Велс, се занимаваат со ова хоби. Имено, Кејт во својата селска куќа чува кошница, а на настан во Природонаучниот музеј во 2021 година се појавила со тегла од сопствениот мед.

Меган откри дека наскоро ќе лансира мармалад како дел од нејзиниот претстоен бренд за домашни производи, American Riviera Orchard. Додека некои се воодушевени од оваа вест, други веруваат дека ова е уште еден обид на Меган да ја копира идната кралица.

Се погласни се гласините за потенцијален бојкот на шоуто од страна на нејзините гледачи, бидејќи таа претходно изјави дека сака луѓето да ја почитуваат нејзината приватност. На мрежите ја нарекуваат лицемерка, токму поради ваквиот став.

ИЗДВОЕНИ