Во Трондхајм, Норвешка, заврши Светското првенство во скијачки скокови, а само неколку дена по ден завршувањето на повидок би можел да биде најголемиот скандал во историјата на овој атрактивен зимски спорт.
Имено, Словенија, Австрија и Полска се огласија и сметаат дека Норвежаните ги прекршиле правилата кога се во прашање комбинезоните.
Токму поради комбинезонот на големата скокалница беа дисквалификувани Мариус Линдвик и Јохан Андре Форфанг, што предизвика дополнителни сомнежи.
Ако се покаже точно дека Норвежаните мамеле со комбинезонот на преостанатите натпревари во Трондхајм, тоа би бил најголемиот скандал во историјата на скијачките скокови. Ова во крајна линија значи дека на Норвежаните би можеле да им бидат одземени сите медали што ги освоија во Трондхајм и тоа прилично ќе го наруши пласманот на медали.
Во целата приказна најмногу корист би имале Словенците, но и Германците.
Во случај да се докаже дека Норвежаните направиле неправилности, титулата светски првак на малата скокалница ќе му биде одземена на Мариус Линдвик и ќе му биде доделена на Андреас Велингер од Германија, Јан Хоерл од Австрија би го освоил среброто, а Карл Гајгер од Германија ќе ја освои бронзата.
Исто така, на Норвежаните ќе им биде одземен и екипниот бронзен медал на големата скокалница за мажи, кој на крајот замина кај Германците.
Норвежанките би го загубиле златото во мешан тим, кој на крајот ќе и припадне на Словенија, среброто ќе и припадне на Австрија, а бронзата ќе и припадне на Германија.
Норвежанките се светски шампиони во женска екипна конкуренција, а одземањето на медалот би значело дека Австријките се светски шампиони, Германките сребрени, а Словенките би ја освоиле бронзата бидејќи завршија на четвртото место во таа конкуренција, но дисквалификацијата на Норвежанките ја менува ситуацијата.
Така, сега ја чекаме реакцијата на ФИС за да се проверат сите детали за Норвежаните и нивните комбинезони, а најмногу сомнителни се неправилностите во долниот дел од костумите, кои им овозможуваат на натпреварувачите подолго да држат одредена висина во текот на летот и со тоа да скокнат неколку метри подалеку.