Грчка „Газета“ го разбранува светот на кошарката откако објави текст во кој открива дека директорот на Евролига, Литванецот Паулијус Мотијејунас, во исто време му дава ветер во грб на тимот на Жалгирис во ова натпреварување.
Ако ова се покаже како точно, тоа би било голем конфликт на интереси и скандал за елитното натпреварување. Жалгирис моментално е при самиот врв на табелата во Евролига со шест победи и два пораза, а неколку тесни триумфи беа остварени со дискутабилни судиски одлуки.
Во 2023 година Паулијус Мотијејунас го наследи долгогодишниот директор на Евролигата, Џорди Бартомеу, но пред тоа беше неопходно Литванецот да ги напушти сопственичките структури на Жалгирис, но, барем според грчките медиуми, тоа не се случило.
Мотијејунас тогаш одлучил за замена во клубот да го назначи Паулијус Јанкунас, неговиот пријател и поранешен кошаркар на Жалгирис, но според текстот на „Газета“, тој сепак има големо влијание во Жалгирис.
Грците наведуваат дека Јанкунас само виртуелно ги купил акциите на Жалгирис кои биле во сопственост на Мотијунас и дека двајцата имаат џентлменски договор, дека по завршувањето на мандатот во Евролигата, ќе извршат повторена размена, односно ќе се врати на чело на клубот.
„Газета“ додава дека директорот на Евролигата сè уште е неформален шеф на Жалгирис и дека ништо не може да се направи во клубот без негова согласност. Тие дури одат дотаму што наводно учествуваат во преговори со агенти околу ангажман на нови играчи за литванскиот гигант.
Па, сега следува целата поента на приказната. Со цел Мотијунас да ја пренесе сопственичката структура на Жалгирис на Јанкунас, тој отворил нова компанија наречена „УАБ Жалгирис“.
Сопственоста ја презеде Јанкунас, но „Газета“ дошла до документи кои покажуваат дека директорот на Евролигата сè уште поседува 55 отсто од акциите во компанијата УАБ Жалгирис КЛУБ, која е сопственик на „Жалгирио“ арената.
Тој остана главен акционер на споменатата компанија, преку која презеде ефективна контрола над Лондон Лајонс.
Врските меѓу Лондон Лајонс и Жалгирис, како и конфликтот на интереси поврзан со Мотеијунас, претставуваат сериозна дилема за Евролигата, па останува да видиме што ќе се случи во иднина околу овој спор.