Поранешниот француски пливач Јаник Ањел (32) е обвинет за силување и сексуален напад врз тринаесетгодишно девојче. Според информациите кои се појавија, поранешниот олимпиец имал интимна врска со ќерката на еден од неговите тренери и за тоа сега ќе одговара на Суд.
Двократниот златен медалист од Олимписките игри во Лондон во 2012 година ќе се појави пред францускиот кривичен суд за да му се суди за силување и сексуален напад на 13-годишно девојче. Сепак, се верува дека оваа ситуација се случила уште во 2016 година, кога тој имал 24 години, но истрагата започнала многу подоцна, во 2021 година. И сето тоа по поплаки од пливачката која тренирала со Ањел.
Инаку, таа е ќерка на еден од неговите тренери, а го обвинила пливачот дека сексуално ја нападнал во домот на нејзините родители. Очекувањата се дека конечната одлука ќе биде донесена до крајот на април, односно ќе биде јасно дали случајот ќе биде отфрлен или проследен до кривичен суд. Во своја одбрана, Ањел рече дека девојката се согласила на врската, но во Франција е неопходно да има 15 години за нивната врска да не се смета за кривично дело.
На гореспоменатите Олимписки игри во 2012 година, Ањел освои два златни медали, а исто така освои и два сребрени медали во штафетите 4х100 и 4х200 метри слободно како дел од француската штафетна екипа. Французинот се повлече од професионалниот спорт по Игрите во 2016 година, иако имаше само 24 години.