Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити во интервју за албанската ТВ „Ора њуз“, кажа дека според неговите информации поранешниот вицепремиер Артан Груби не е повеќе во Косово, туку во Албанија.
„Мислам дека тоа е должност на органите на прогонот, тие ќе поднесат меѓународна тужба преку Интерпол. Според информациите не е на Косово, тој е во Албанија. Но, тоа не е важно, со бегството тој ја докажал вината и затоа побегнал од државата. Мислам дека денес, утре или задутре тој еден ден ќе се соочи со правдата“, изјави Меџити во Ора вести.
По Груби и поранешниот директор на Државна лотарија Перпарим Бајрами, МВР распиша меѓународни потерници за проневера на околу осум милиони евра од Државната лотарија.