Рускиот тенисер Даниил Медведев со многу напор се пласира во второто коло на Австралија Опен. Тој на стартот на првиот грен слем сезонава едвај успеа да го победи 418. тенисер во светот Касидит Самреј (Тајланд) – 6:2, 4:6, 3:6, 6:1, 6:2. Покрај тоа, тој беше многу нервозен во текот на натпреварот, па во еден момент го скрши рекетот.
На крајот од третиот сет Тајланѓанецот со малку среќа освои поен и тогаш Русинот ги загуби нервите. Го скрши рекетот удирајќи го во мрежата. Малкумина знаеја дека рекетот може да се скрши и при удар во мрежата, а не бетон или некоја друга површина…
Медведев го загуби тој сет и дури по тој момент и кршење на рекетот почна да игра подобро. Самреј наиде на проблеми со својата сила, не можеше да го издржи интензитетот и напорот на еден грен слем турнир. Почна постепено да ја губи силата, Данил знаеше сето тоа да го искористи, напаѓаше и загуби само три гема во следните два сета.
Следен ривал ќе му биде квалификантот Лернен Тиен (Америка), кој по четири часа борба го совлада Аргентинецот Камило Хуго Карабели – 4:6, 7:6 (7:3), 6:3, 5:7, 6:4.
Medvedev destroys racket and net camera in frustration pic.twitter.com/D92zvapWnU
— CJ Fogler 🫡 (@cjzero) January 14, 2025