Рускиот тенисер Данил Медведев се пласираше во осминафиналето на Индијан Велс Опен откако на сосема необичен начин го совлада својот противник, Американецот Алекс Микелсен. Иако Медведев мораше да побара лекарска помош во вториот гем поради крварење од носот, се покажа дека Микелсен, всушност се разболел. Тој го предаде мечот кога Медведев поведе со 2:0, по само десет минути игра.
Не се знае дали на Микелсен му се слошило на теренот или така се чувствувал во текот на целиот ден, но сепак сакал да се обиде, но навистина е штета, бидејќи навивачите беа лишени од добар натпревар. Така барем изгледаше во објавата.
„Ова беа две од најбизарните игри на еден талентиран млад Американец, кој очигледно нема што да понуди овде и очигледно не се чувствува добро, не е доволно добро да го продолжи натпреварот по два гема и еден освоен поен. Иронијата е што токму Медведев е тој кој побара медицинска помош од лекарот на турнирот. Мислам, кутриот човек…“ -кажа коментаторот на натпреварот.
Самиот Медведев очекуваше поголем отпор и беше малку разочаран што се пласираше во осминафиналето на Индијан Велс со малку пот: „Одиграв многу добар прв натпревар, па со нетрпение го очекував дуелот со Алекс. Ми се допаѓа како тој игра. Мислам дека можеше да биде интересно. За жал, тој доби труење со храна или нешто слично Се надевам дека наскоро ќе се чувствува подобро, со нетрпение го чекам мојот следен натпревар.
Во следното коло Медведев ќе игра против Томи Пол, а како што е познато на турнирот повеќе не е Новак Ѓоковиќ кој шокантно беше елиминиран во второто коло од Ботик ван де Зандшулп.
Јапонскиот тенисер, пак Хосуке Ватануки ја продолжи тениската бајка и мина уште една рунда. Како моментално рангиран на 349-то место во светот, тој успеа да стигне до четвртфиналето на првиот Мастерс во сезоната, елиминирајќи го Френсис Тиафо.
Тиафо го имаше статусот на 16-ти носител на турнирот во Соединетите Американски Држави. а Ватануки беше подобар по два сета со 6:4, 7:6. Ватануки е најслабо рангираниот играч кој играл во четвртфиналето на Индијан Велс од 2004 година, кога во оваа фаза играше поранешниот тенисер и моментален директор на турнирот Томи Хас (882. позиција).
🩸 Medvedev with a medical timeout due to a nose bleed pic.twitter.com/9ne9DrZHE1
— Olly Tennis 🎾🇬🇧 (@Olly_Tennis_) March 9, 2025