Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев објави дека постои цивилизиран начин новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и американскиот претприемач Елон Маск да добијат контрола над Гренланд, Канада, Велика Британија и Панамскиот канал.

„Не разбирам зошто Соединетите Американски Држави би ги вклучиле Канада, Гренланд, па дури и Британија, а исто така би го вратиле и Панамскиот канал. Постои поцивилизиран начин: Доналд Трамп и Илон Маск би можеле едноставно да ги купат, правејќи ги лична сопственост“, напиша тој на социјалната мрежа „X“.

На 18 декември, Трамп предложи да се размисли за додавање на Канада на САД како 51-ва држава, велејќи дека таквиот потег може значително да ги намали трошоците за Канаѓаните.

Тој претходно на шега го нарече канадскиот премиер Џастин Трудо како „гувернер на големата земја Канада“ во светлината на контроверзите околу можното воведување царини за канадски производи од страна на САД по преземањето на должноста Трамп.

После тоа, Трамп на 22 декември рече дека ќе бара брзо враќање на Панамскиот канал во американска сопственост поради високите тарифи за минување низ него.

Потоа, на 23 декември, тој рече дека е апсолутно неопходно САД да го поседуваат Гренланд, коментирајќи ја неговата одлука да го назначи новиот американски амбасадор во Данска, претприемачот Кен Хауери. Истиот ден, премиерот на Гренланд Муте Егеде, одговарајќи на зборовите на Трамп, рече дека Гренланд не е на продажба.

ИЗДВОЕНИ