Медведев: Американските избори нема да променат ништо за Русија

50
EPA-EFE/ALEXEY NIKOLSKY

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Дмитриј Медведев, предупреди на преголемите очекувања од резултатите од претседателските избори во САД, кои ќе се одржат на 5 ноември.

„Немаме причина за какви било надуени очекувања за Русија, бидејќи овие избори нема да сменат ништо. Ставовите на кандидатите целосно го одразуваат двопартискиот консензус за потребата нашата земја да биде поразена“, објави Медведев на својот канал Телеграм, пренесува ТАСС.

Тој рече дека „најдобар начин да се направи 5 ноември пријатен за кандидатите за највисоката американска функција е Русија да продолжи да го уништува киевскиот нацистички режим“.