Медиумскa рокада во канцелариите на Пентагон: Излегува Њујорк Тајмс, влегува Њујорк Пост

20

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп објави дека персоналот на четири медиуми – Њујорк тајмс, Националното јавно радио (НПР), Ен-Би-Си и веб-страницата Политико – ќе бидат преместени од нивните канцеларии во Пентагон до 14 февруари.

Наместо тие медиуми, во канцелариите на Пентагон ќе бидат сместени вработени од Њујорк пост, One America News Network, Breitbart News Network и HuffPost News, се вели во соопштението.

Се нагласува дека во иднина секоја година низ канцелариите во Пентагон ќе ротираат по едно печатено издание, онлајн издание, телевизија и радио.

ИЗДВОЕНИ