Медиуми: Унгарија ги шпионираше претставниците на ЕУ за време на нивната посета на Будимпешта

462

Унгарското разузнавање ги шпионирало претставниците на ЕУ за време на нивната посета на Будимпешта, кога агентите ги пребарале нивните хотелски соби и земале информации од лаптопите, се вели во заедничкиот извештај на белгискиот весник „Де Тиџд“ и унгарската невладина организација „Директ36“, објавен денеска.

Во извештајот се посочува дека унгарската разузнавачка агенција ИХ собирала информации и од унгарски граѓани кои работат во институциите на ЕУ, со тоа што ги поттикнувала на соработка или шпионирајќи ги без нивно знаење, објави Еурактив.

Се тврди дека унгарската разузнавачка агенција веќе неколку години ги шпионирала претставниците на ЕУ, а европските претставници во последните месеци почесто патувале во Будимпешта поради унгарското претседавање со Советот на ЕУ од јули до крајот на оваа година.

ИЗДВОЕНИ