Медиуми: Путин не попушта по ниту едно важно прашање

494
epa09101004 Russian President Vladimir Putin addresses on the occasion of the Day of the National Guard Troops, in Moscow, Russia 27 March 2021. EPA-EFE/MIKHAIL KLIMENTYEV / SPUTNIK / KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

За време на преговорите за Украина, рускиот претседател Владимир Путин не попушти пред претставниците на спротивната страна за ниту едно важно прашање. Ова го пренесува весникот „Тајмс“.

„Досега видовме само разговори меѓу Украина и нејзините западни сојузници за тоа дали мирот е можен во принцип и како може да се гарантира. Претседателот Путин вербално го поддржа договорот, но не попушти за ниту едно важно прашање“, наведуваат авторите на написот.

Беше нагласено дека Москва има свои причини „за промена на својот пристап“.

За разлика од Русија, написот споменува како украинскиот претседател Володимир Зеленски првично одбил да го поддржи суверенитетот на Русија над новите региони, но на крајот се согласил дека Киев нема да може да ги врати изгубените територии на сила.

Претходно, разговорот на Путин со Трамп беше наречен чекор кон лична средба меѓу претседателите. Прес секретарот на рускиот лидер Дмитриј Песков истакна дека дотогаш Москва и Вашингтон ќе се соочат со тешки технички преговори, пренесува „Спутник“.

ИЗДВОЕНИ