Медиуми: Данска испратила приватни пораки до тимот на Трамп во врска со Гренланд

26
Фото:EPA-EFE/Ida Marie Odgaard DENMARK OUT

Данска испратила приватни пораки до тимот на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, изразувајќи подготвеност да разговара за зајакнување на безбедноста на Гренланд, или зголемување на американското воено присуство таму, но без да тврди дека е сопственост на островот, објави американскиот портал Аксиос.

Трамп, кој ја презема функцијата на 20 јануари, го опиша преземањето на американската контрола врз Гренланд, полуавтономна данска територија, како „апсолутна неопходност“.

Тој не ја отфрли можноста за употреба на воени или економски средства за да се постигне тоа, вклучително и тарифите за стоки од Данска, наведува дека данската влада сакала да го убеди Трамп дека безбедносните проблеми може да се решат без претензии за Гренланд.

Портпаролот на транзицискиот тим на Трамп не одговори на барањето за коментар за извештајот на Аксиос.

Данската премиерка Мете Фредериксен претходно оваа недела изјави дека барала средба со Трамп, но не очекувала тоа да се случи пред неговата инаугурација.

Премиерот на Гренланд Муте Егеде исто така рече дека е подготвен да разговара со Трамп, но повика на почитување на аспирациите на островот за независност.

Данска претходно нагласи дека Гренланд не е на продажба.

ИЗДВОЕНИ