Медитеранските земји од ЕУ го отфрлија планот за заедничка одбрана на Фон дер Лајен

38
Фото: EPA-EFE/LUDOVIC MARIN / POOL MAXPPP OUT

Медитеранските земји-членки на ЕУ го отфрлија предлогот на Европската комисија за финансирање на одбраната преку поволни заеми, стравувајќи дека тоа би можело да го зголеми нивниот и онака прекумерен долг, пишува бриселски „Политико“.

Предлогот на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, кој вклучува пакет заем од 150 милијарди евра и итна клаузула за олеснување на фискалните правила на Европската унија, наиде на значителен отпор, особено во Франција, Италија и Шпанија.

Планот имаше за цел да ги зголеми европските одбранбени инвестиции и да ја намали зависноста од заштитата на Соединетите држави, а имаше и за цел да испрати поголеми количества оружје во Украина.

Сепак, на многу задолжените земји не им се допадна моделот заснован на заеми, поради што почнаа да бараат алтернативни форми на финансирање, како што се „одбранбените обврзници“ кои би се финансирале преку заедничко задолжување на ЕУ на пазарите на капитал, со одобрение од сите 27 земји-членки.

Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека планот на Европската комисија главно се заснова на националните долгови и нагласи дека ќе биде тешко да се спроведе во Италија, која веќе се соочува со големи фискални предизвици.

Франција, чиј долг надминува 110 отсто од БДП, исто така не е подготвена да ја активира предложената клаузула поради можните негативни ефекти на пазарот и кредитниот рејтинг.

Шпанија, која троши најмалку за одбрана во НАТО – 1,3 отсто од БДП во 2024 година – вети дека ќе преземе мерки за зголемување на воените инвестиции пред летото 2025 година.

ИЗДВОЕНИ