Меџити: Забелешките се за претходното владеење, ја обжаливме одлуката

СДСМ му ги достави доказите на премиерот за работењето на министерот за животна средина

17

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, денеска ги достави документите до Владата со кои тврди дека вицепремиерот и министер Изет Меџити работел незаконски. Опозицијата се сомнева во земање мито во животна средина. За Мицкоски пак, рече дека постапувал и како обвинител и врховен судија.

-Чувствуваме одговорност да реагираме веднаш откако премиерот јавно повика да му се достават докази за сомнежите дека постои корупција и неправилности во работата“, рече Кузеска според која документите се релевантни бидејќи се од државни институции со архивски броеви, печати и потписи.

„Овде е наведено дека Државниот управен инспекторат констатирал неправилности дека Меџити ги пречекорувал своите законски овластувања, лично потпишувајќи ги сите предмети. Дали на овој начин сакал да воспостави контрола, за да има простор да ги уценува фирмите и граѓаните? Според наведеното во документите во Министерството имало систем за потпис, и одлулучување спортивно на законите и административните процедури, што отвора сомнеж за корупција и мито. Очекуваме Мицкоски да ги прчоита и разгледа и да одговори на сите сомнежи за можна корупција. Да видиме дали ќе преземе нешто Мицкоски или ќе продолжи да ги штити“, рече Кузеска.

Вицепремиерот и министер Изет Меџити пред почетокот на настан организиран за зајакнување на капацитетите за ефективна имплементација на acquis во областа на индустриското загадување, на новинарските прашања поврзани со обвинувањата од опозицијата изјави  дека не направил ништо противзаконски, а за СДСМ кои ги доставија документите во Владата рече дека „сакаат да ја продолжат приказната, започната од ДУИ.

– Не може архивска работа да се прикаже како голем скандал. Ако сакаме да зборуваме за скандали, ги имаше доста до сега“, изјави Меџити.

„СДСМ оди по паметот на ДУИ, се гледа се синхронизирани во нападите. Прво се зборуваше за одземање на ингеренции од Министерството за животна средина, па кога видоа дека инспекторатот кој бил автономен, сега е сектор во рамките на Министерството отидоа на второто обвинување дека има простор за злоупотреба и тоа тоа го констатирал административниот инспекторат. Но тука сакам да се расчистиме, се работи за редовна контрола која е во програмата на Државниот административен инспекторат. Тие имаат забелешка, опомена за воспоставена пракса а не за ингеренции. Во однос на пракса, за волја на вистината, воспоставена од ДУИ и СДСМ, од 2016 година“, рече Меџити и рече дека опомената е обжалена. (П.А)

ИЗДВОЕНИ