Убедливо најдобриот тенисер во светот Србинот Новак Ѓоковиќ, од почетокот на годината е во Австралија каде се подготвува за насрап на грен слем турнирот Австралија опен и стартот на новата тениска сезона. Од неговото доаѓање, тој има дадено серија интервјуа, од кои едно за магазинот GQ. Во него тој се осврна на 2021 година и периодот што го поминал во имиграцискиот центар за време на пандемијата на корона, кога бил сместен таму пред да биде депортиран од земјата бидејќи не бил вакциниран.
Српскиот тенисер шокираше кога изјави дека е убеден дека некој намерно го отрул додека бил во имиграцискиот центар. „Ми се слоши доста. Кога поминаа неколку дена откако едноставниот вирус толку силно ме разби, лекарскиот тим дојде во мојот стан да ме прегледа“, кажа Ѓоковиќ и додаде:
„Имаше неколку прегледи, а во рамките на нив направивме и токсикологија. Откако се вратив дома, сфатив дека сум отруен со храна во тој хотел во Мелбурн. Ова никому не го кажав јавно, но кога се вратив во Србија, открив високо ниво на тешки метали во крвта. Имав високо ниво на олово и жива.
Тој смета дека немало потреба да се вакцинира.
„Тогаш новинарот го прашал дали и после тоа решил да се вакцинира. „Не, не! Мислев дека не ми треба вакцината. Јас сум здрава личност, се грижам за моето тело и здравствени потреби, јас сум професионален спортист и затоа гледам што внесувам, редовно правам разни тестови, крв, се живо… Знам точно што се случува, така што не почувствував потреба да се вакцинирам. И важно е да кажам дека знаев дека не сум опасност за никого. Затоа што не бев. Затоа што имав антитела“, одговорил српскиот тенисер.
Австралиското Министерство за внатрешни работ по тврдењата на Ѓоковиќ, кратко соопшти дека „од безбедносни причини не можат да коментираат поединечни случаи“, пренесува GQ.