Поранешен шампион на УФЦ во лесна категорија и еден од најдобрите борци во историјата, Хабиб Нурмагомедов (35), се соочува со банкрот, или барем така сугерираат вестите од Русија. Имено, руските медиуми пишуваат дека банката му ги блокирала сите сметки на име даночен долг од цели три милиони евра.

Ниту неговиот најголем ривал Конор Мекгрегор не ја пропушти приликата да се потсмева со него, кој на Твитер напиша: „Шворц и во бегство. Нека прави склекови за пари“, напиша Конор, а потоа додаде: „Јас слушнав дека работи како „porta potty“ во Дубаи“. Инаку, „porta potty“ е терминот за спонзоруша, која за пари ѝ дозволува на богатата клиентела да прави што сака, вклучително и да врши нужда врз неа.