Големиот скандал што ја шокираше јавноста му се удри од глава на УФЦ-борачот Конор Мекгрегор. Неодамна, тој беше осуден за силување на една жена, на која ќе мора да ѝ исплати 250.000 евра.
Имено, Никита Хенд ја доби приватната тужба против Ирецот, по што повеќето спонзори решија да му го свртат грбот. Инаку, ова не е првпат тој да биде во центарот на скандал со жени, и спонзорите не можеа да го премолчат тоа.
Мекгрегор може да биде благодарен што беше тужбата приватна и што не се соочи со затворска казна, но затоа има големи последици. Бројни спонзори ја откажаа соработката со него. Сè започна со неговото виски „proper 12“, кое го продаде во 2021 година и чие заштитно лице остана.
- Во иднина, веќе не се планира да се користи името на господинот Мекгрегор како заштитно лице на брендот – велат од компанијата „Proximo Spirits“, која сега е сопственик на вискито „proper 12“.
„IO Interactive“ одлучи да го отстрани неговиот лик од играта „Hitman“, а потоа компанијата „JD Wetherspoons“ потврди дека повеќе нема да продава пијалаци и брендови што се во негова сопственост.
ДАА, која го контролира аеродромот во Даблин, исто така ги повлече сите негови брендови од продажба.
Голем број продажни места во Велика Британија ги повлекоа сите производи поврзани со ММА-ѕвездата и не сакаат да имаат врска со него.
Со Мекгрегор остана само шведскиот фитнес-бренд „Boxbollen“. Косопственикот на компанијата, Џејкоб Ериксон, објасни и зошто останал на негова страна.
- Конор Мекгрегор беше важен партнер во промоцијата на нашата компанија. Ја знаеме тежината на обвинувањата против него, но нашето партнерство нема да заврши. Тој секогаш ги поттикнуваше луѓето да го ставаат своето здравје на прво место – изјави Ериксон.
И националниот музеј со восочни фигури го отстрани ликот на Конор.
- Скулптурата беше една од најпопуларните меѓу туристите, но, како семејна атракција, морам да се погрижам сè да биде во согласност со нашите вредности и со очекувањата на нашите посетители – се вели во соопштението на музејот.
На крајот на краиштата, Конор Мекгрегор сигурно ќе претрпи огромна финансиска загуба. Арогантното однесување со години, конечно, му се удри од глава, но самиот е виновен за сè што му се случува.
Богатството на ирската ѕвезда моментално се проценува на 200 милиони долари и сè би можело да се одрази на неговото враќање во октагонот. Тој е неактивен веќе две и пол години, постојано најавува враќање, но веќе никој не го смета за сериозен.