Ирската ММА ѕвезда Конор Мекгрегор (36) постојано ги прозива големите боксерски ѕвезди, а токму една од нив реши да му даде шанса и го повика на борба. Станува збор за Мексиканецот Саул Канело Алварез, кој го повика на борба во 2025 година.

-Зошто да не? Ќе докажам дека боксот е подобар. Лесни, многу лесни пари. Ќе го нокаутирам кога сакам. Прва, втора или трета рунда. Ќе биде на подот, изјави Канело.

Саул Алварез е човек кој своевремено ги држеше појасите во четири различни тежински категории. Тој важи за еден од најкомплетните борци, па ретко кој би сакал да влезе во ринг со него. Во својата досегашна кариера одработи неверојатни 65 борби и има биланс од 61 победа, два порази и две нерешени.

од друга страна, Конор одбележа една ера во ММА спортот. Поранешниот двократен шампион на УФЦ беше заштитно лице на оваа организација, но по тешкиот пораз од Хабиб Нурмагомедов, тој едноставно е непрепознатлив и е далеку од своите најдобри денови.

Многумина веруваат дека тешко дека би имал никакви шанси против Мексиканецот, но боксот не е непозната работа за Ирецот. Тој имаше еден професионален меч и беше 50-та жртва на Флојд Мејведер во дуел на кој Американецот буквално си поигра со него.

Ќе видиме дали Мек Грегор ќе ја прифати понудата за бокс меч или сепак ќе реши да се врати во ММА. УФЦ го чека три години, а неговото враќање би можело да се случи на почетокот на 2025 година.