Познатиот ММА борец Конор Мекгрегор минува низ еден од најтешките периоди од својот живот, откако беше осуден за силување на Никита Ханд во хотел во Даблин!
Никита го обвини Конор дека „брутално ја силувал и малтретирал“ пред неколку години во хотел во Даблин, за време на една на која Ирецот консумирал дрога и алкохол, а поради тоа судот донесе одлука УФЦ борецот да плати отштета од околу 250.000 евра.
Сепак, сега се соочува со нови проблеми бидејќи е поврзан со еден од најстрашните организирани криминални кланови во светот, одговорен за дури 20 убиства во четири земји.
Станува збор за безмилосниот картел Кинахан од Ирска, еден од најпознатите криминални кланови во светот на чело со Даниел Кинахан, за чија глава е објавена награда од 15 милиони долари. Кинахан е поранешен боксерски промотор и советник на Тајсон Фјури, а моментално е баран од агенциите за спроведување на законот во Европа и САД.
Од друга страна, Конор е поврзан со тој клан поради неговата сестра Ифа, која е во врска со Греам Вилан, познат мафијаш од овој картел за кој се верува дека е вмешан во убиства во ирското подземје, како и во Белгија, Холандија и Шпанија.
Тој е осуден за дилање дрога и перење пари, а се забавува со сестрата на Конор од 2021 година, пишува британски „Дејли мејл“.
Дури и Ифа сподели фотографија со него, направена во пабот на Мекгрегор. Вилан наводно направил и неколку фотографии со самиот Конор.