
Фудбалерот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе ги искажа впечатоците од реваншот против Манчестер сити (3:1) во плејофот за осминафиналето на Лигата на шампионите.
Дваесет и шестгодишниот Французин комплетираше хет-трик, погодувајќи во 4., 33. и 61. минута.
Реал Мадрид победи и на првиот натпревар со 3:2 и се пласираше во 1/8 финалето од Лигата на шампионите.
-Сакам да испишувам историја со овој клуб и овие соиграчи. Баер или Атлетико во 1/8 финале? И двете екипи се тешки, но јас би го претпочитал Атлетико за да заштедиме време на патувањето, изјави Мбапе по натпреварот со Сити.
Жрепката за осминафиналето во Лигата на шампионите ќе се одржи денес со почеток во 12:00 часот.