Неодамна во големото интервју кое го даде за својот сонародник Ромарио, бразилската ѕвезда Неимар зборуваше за својата кариера, а се осврна и на времето поминато во ПСЖ каде партнери во нападот му беа Лионел Меси и Килијан Мбапе. И додека имаше само добри зборови за Меси, со кој играше и во Барселона, Неимар го критикуваше Мбапе, а францускиот напаѓач, сега ѕвезда во дресот на шпанскиот гигант Реал (М), одговори на неговиот повик.
Не е тајна дека НеИмар не се согласуваше со шест години помладата суперѕвезда, која беше доведена да стане она што беше Бразилецот – заштитен знак на ПСЖ.
“Имав спорови со него, нашите мали тепачки. Тој беше момче, го нареков Златното момче. Му реков дека ќе биде еден од најдобрите, секогаш се трудев да му помогнам и да разговарам со него”, изјави Неимар.
Тој, Меси и Мбапе не успеаја да му го донесат на ПСЖ трофејот во Лигата на шампионите во две сезони заедно (2021-2023), а очигледно беше дека имаше премногу конфликт на теренот и во соблекувалната. Ромарио го праша Неимар која е причината за тоа.
„Его. Его. Добро е да имаш его и да мислиш дека си најдобар, но тогаш треба да разбереш дека не играш сам. Фудбалот сега е таков што е невозможно да се победи освен ако сите не функционираат како целина. Кога дојде Лео , Мбапе стана љубоморен на него и така почнуваат тепачките и промените во однесувањето“, одговори Неимар.
Тие зборови допреа до Мбапе кој беше запрашан и замолен да ги коментира.
“Немам што да кажам. Фокусиран сум на она што го правам во Реал. Многу го почитувам Неимар и сакам да се сеќавам на убавите моменти кои ги делевме. Тој е уникатен играч во историјата на фудбалот. Нему и на неговото семејство му посакувам среќа“, изјави Мбапе