ВОЗНЕМИРУВАЧКО: Маж спиел на пруга во Перу, воз удрил во него и преживеал/ВИДЕО

101

Неименуван маж преживеал откако бил прегазен од воз додека спиел на железничка пруга во Перу, јави Би-би-си.

На снимката од надзорните камери се гледа како тој лежи неподвижен пред да налета товарен воз кој бавно се движи. Недолго по инцидентот, човекот станал на нозе.

„Изгледа дека бил во пијана состојба, заспал покрај шините и не го почувствувал пристигнувањето на возот“, изјави локалниот функционер генерал Хавиер Авалос.

Мажот се здобил само со полесни повреди на левата рака, па бил пренесен на лекување во болница, додаде службеникот.

ИЗДВОЕНИ