Случајот со французинката Жизел Пелико која сопствениот сопруг десет години ја дрогирал и ја продавал и стана симбол за борбата против сексуалното насилство се препозна во новата истрага на обвинителството за организиран криминал, каде маж девет години ја продавал својата жена во тетовско, преставувајќи ја пред клиентите како своја пријателка. Жената била тепана и псхички малтретирана после секоја средба заради проституција која ја договарал нејзиниот сопруг со клиентите. Тој и уште петмина кои ја искористувале жената ќе одговараат за трговија со луѓе. Средбите на кои ја терал да го продава своето тело, се случувале куќите на клиентите, ама и во нивниот семеен дом, по кафани во Тетово и Гостивар. Сопругот ја контролирал жената како марионета, а полицијата почнала да се сомнева откако насилникот бил пријавен за семејно насилство.Неговата контрола и настраност била толку голема што ја гледал во живо преку видео повик на телефонот, а откако ќе му ги дала парите ѕверски ја малтретирал, ја горел со цигара по телото.
-Првоосомничениот во текот на деветгодишна брачна заедница со жртвата, ја злоупотребил својата положба и со својата сопруга постапувал на особено понижувачки и суров начин, воспоставувајќи целосна контрола врз неа. Тој, со употреба на сила и сериозна закана, извршувал физичко и психичко насилство над неа, континуирано нанесувајќи ѝ телесни повреди и заканувајќи се по нејзиниот живот и животите на членовите на нејзиното семејство, по што започнал да ја принудува на сексуална експлоатација по пат на проституција заради стекнување на парична корист и наркотична дрога. Претставувајќи ја како своја пријателка, првоосомничениот, во периодот од септември 2023 година до 20.11.2024 година, во повеќе наврати ја принудил својата сопруга да дава сексуални услуги во угостителски објекти во Тетово и Гостивар, во нивниот семеен дом, како и во семејните куќи на корисниците на сексуалните услуги. Тој стапувал во контакт со останатите осомничени – корисници на услугите, го договарал местото, како и надокнадата која била во пари или соодветна грамажа на наркотична дрога – кокаин. Додека жртвата била со корисниците, првоосомничениот имал целосна контрола, следејќи ја понекогаш и преку видео повик, а потоа откако ќе му ги дадела парите или дрогата, ја претепувал, ја горел со цигари и ѝ нанесувал тешки повреди од кои со денови се опоравувала.
Судијата им опредили на осомничените мерка притвор.За кривичното дело што му се става на товар на првообвинетиот, согласно Кривичниот законик запретена е казна затвор во траење од најмалку четири години, додека за корисниците на сексусалните услуги е предвидена казна затвор од шест месеци до пет години.(П.А)