Викендов се извози една од најлудите трки во Формула 1, во која Макс Верстапен со една рака го „зграби“ шампионскиот трофеј на патот кон четвртата титула.
Пред почетокот на Бразилското ГП не изгледаше така, бидејќи прво Ландо Норис победи на спринтерската трка, а потоа ја освои и пол-позицијата во квалификациите, за разлика од Верстапен, кој мораше да стартува од 17. место…
Но, шампионот се препознава кога е најтешко, па така, Макс Верстапен извозе трка без ниту една грешка и воедно го искористи општиот хаос на патеката. Од друга страна, Норис не се снајде во врнежливи услови, бројните жолто-црвени знамиња, погреши под притисок и пропушти одлична можност да му се доближи на Холанѓанецот во борбата за титулата. Згора на тоа, сега се оддалечи од него кога е во прашање генералниот пласман. По оваа трка водството на Верстапен се зголеми на 62 бода, што треба да биде доволно бидејќи на календарот остануваат само уште три трки.
View this post on Instagram
Интересно е што ова е прва победа за Верстапен по Големата награда на Барселона, која се одржа на крајот на јуни, но може да се покаже како клучна во борбата за шампионската титула. Токму тоа го најави славењето во боксот на Ред Бул, едноставно сите знаат дека Норис ја пропушти животната шанса во Бразил, барем засега.
На големо изненадување за многумина, на подиумот се најдоа и два возачи на Алпин – Естебан Окон и Пјер Гасли, додека како четврти целта ја мина Џорџ Расел.
На петтото место е Шарл Леклер од Ферари, а по него е Ландо Норис (Мекларен), а во првите десет сè уште и Јуки Цунода (РБ), Оскар Пјастри (Мекларен), Лиам Лосон (РБ) и Луис Хамилтон (Мерцедес).
Исто така, за прв пат по 17 години стјуардите покажаа и црно знаменце, кое беше наменето за Нико Хулкенберг. Имено, пилотот на Хас испадна од патеката, а откако редарите му помогнаа да го сврти болидот, тој ја продолжи трката, нешто што не е дозволено според Ф1 правилникот. Поради тоа Германецот веднаш беше дисквалификува и мораше да го паркира својот болид во гаражата.
Nico Hulkenberg has been given the black flag, which means he is disqualified ⬛❌ pic.twitter.com/xmQZBXL3nM
— Sky Sports F1 (@SkySportsF1) November 3, 2024
Следната трка во Формула 1 продолжува со Големата награда во Лас Вегас на 24 ноември, но тешко дека ќе промени нешто во поредокот за возачи каде Макс Верстапен е пред титулата.