Матурантите им се заблагодарија за трудот на професорите

115

На 11-тата манифестација „Корчагинска просветилка“, која се одржа во средата вечерта во Македонскиот народен театар и која е единствената манифестација во Скопје од ваков тип, матурантите од средното училиште „Раде Јовчевски-Корчагин“ симболично ја истакнаа својата благодарност за трудот кој професорите го вложуваат во нивното воспитание и едукација.

-Матурантите доделија симболични награди, статуетки светилки и преку свои мини драмски текстови за животот како средношколци, учениците од оваа гимназија како и секоја година со изведба на сцена споделија моменти од заеднички поминатите четири години во училиштето – соопштија од Град Скопје.