Холандскиот фудбалер Јан Матсен е нов играч на Астон Вила, соопшти клубот од Бирмингем. Матсен (22) доаѓа во Астон Вила од Челзи за 35 милиони фунти, објави Би-би-си. Од јануари до мај оваа година, тој беше позајмен во Борусија Дортмунд.
Холандскиот фудбалер моментално е со репрезентацијата на Европското првенство во Германија.
Во својата кариера играше за Чарлтон, Ковентри и за Барнли.
Астон Вила минатата сезона заврши на четвртото место во Премиер лигата, а од септември ќе игра во Лигата на шампионите.