Матеја Свет беше најуспешна југословенска претставничка во алпско скијање. Родена е на 16 август 1968 година во Љубљана, денешна Словенија, а нејзиното појавување на најголемата сцена ги шокираше буквално сите.
На Светското првенство во 1983 година, нејзината задача беше да го отвори патот за најголемите ѕвезди. Мерејќи го времето по патеката, претставниците на Светскиот куп беа изненадени кога по првата трка сфатија дека најдобриот резултат е всушност на петнаесетгодишно девојче од Југославија.
Кога сфатиле што се случило, го сокриле нејзиното време, за да не направат проблеми со останатите натпреварувачи. По ваквиот настап, Матеја продолжи напорно да тренира и на крајот настапи на Светското првенство за јуниори во 1984 година.
За прв пат како пионер учествуваше на Зимските олимписки игри во 1984 година во Сараево и беше на 15. место во слалом и 23. во велеслалом во најсилното светско натпреварување.
На Зимските олимписки игри во Калгари во 1988 година, таа освои сребрен медал во слалом и четврто место во велеслалом, што беше огромен успех и прв медал за Југославија во женска конкуренција. Покрај успехот на Олимписките игри, таа забележа и многу успеси на други светски натпреварувања.
И тогаш се случи вистински шок, кога на 22 години се повлече од спортот и го продолжи своето образование со одлуката да се занимава со работа која вклучува работа со луѓе.
Денес е квалификуван психотерапевт, живее и работи во Словенија. Скија само рекреативно и многу време поминува во природа, особено на планина.