Српскиот претседател Александар Вучиќ на својот профил на ТикТок објави видео кое предизвика бројни реакции поради неговата бизарност.
Тој објави видео во кое го испроба предизвикот за погодување газирани пијалоци. Пред него биле ставени четири чаши со четири различни, но слични, газирани пијалоци. По вкусот мораше да погоди каков пијалок е тоа.
„Сето ова ми е исто. Ако навистина треба, дајте ми Coca-Cola Zero, за нас буцкастите“, напиша тој во описот на објавата.
@jasamaleksandar Meni je sve ovo isto. Ako baš mora, dajte koka-kolu zero, za nas punačke. 😅 #jasamaleksandar ♬ original sound – Ja sam Aleksandar
„Пробај ги сендвичите, тоа ќе го подогиш од прва“, се пошегуваа луѓето во коментарите.
„Дали е ова вештачка интелигенција?“, „Мојот пријател кој нема работа објавува вакви видеа, само седи на каучот и објавува глупости по цел ден“, „Господе, погледни нè“, „Кога ги игнорирам проблемите“, „Твојата земја се распаѓа, а ти пиеш кока-кола“, се некои од другите коментари.
ИЗДВОЕНИ
Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението
Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите христијански храмови/ФОТОГАЛЕРИЈА
За краток период ќе се затвори истрагата за пожарот во Кочани, се надева Тошковски
„Нашите деца беа убиени од алчноста – правдата мора да излезе на виделина“, порачаа родителите за загинатите во Кочани