Масовни протести во Србија – Вучиќ смета дека „нивната обоена револуција пропадна“

925
EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Десетици илјади луѓе, студенти со поддршка од граѓаните, на протестот во Крагуевац во саботата порачаа дека ќе истраат во борбата за правда и поуредено општество, додека српскиот претседател Александар Вучиќ, говорејќи пред своите поддржувачи во Сремска Митровица, изјави дека „обоената револуција“ не успеала и дека тој ја победил.

Србија вчера го одбележа Денот на државноста, поделен на три собири, а студентското движење организираше масовен настан во Крагуевац наречен „Да се ​​сретнеме кај Сретење“, на кој му претходеше тридневен марш на студенти од Белград, Нови Сад, Ниш и уште неколку градови.

Вучиќ, вели дека е готово со протестите, за кои смета дека се платени однадвор. Кажа дека ќе издаде книга „Како ја победив шарената револуција“. Протестите на студентите по повод трагедијата на железничката станица во Нови Сад ги нарече „највалканата шарена револуција во човештвото“.

Тој им порача на студентите да се вратат во клупите, и да се фатат за книга намето за ѕвончиња и знамиња.

„Слушајте го вашиот претседател, имам уште една и пол година, не повеќе од тоа, прогласете победа, ви се исполнети сите барања, вратете се во вашите клупи. Тогаш ќе направите најмногу за вашите родители, вашата земја, но и за себе и за вашите идни семејства. На оваа земја и треба знаење, а знаење без учење и работа не може. Книги деца, а не ѕвончиња и знамиња –  рече Вучиќ.

 

ИЗДВОЕНИ