Полицијата спроведува масовни претреси на повеќе локации во Општина Чашка во потрага по нелегално оружје и муниција.
Акцијата е започната рано утрово од страна на инспекторите од Криминалистичката полиција при СВР Велес, кои постапуваат врз основа на оперативни сознанија за лица кои можат да поседуваат оружје без дозвола.
Иако засега не се објавени официјални информации за евентуално пронајдено оружје или експлозивни средства, акцијата продолжува, а полицијата ги засилила безбедносните мерки во областа. Местото е под строга контрола, а додатни детали се очекуваат во текот на денот.
ИЗДВОЕНИ
Германски печат: „Пролет е во Белград – ништо помалку од револуција“
Сите патишта водат кон народното Собрание на Србија, во тек е масовниот протест во Белград : Ако дојде до инциденти, ќе ги запалиме сините факели и ќе си заминеме, порачаа студентите
Стапуваат на сила измените на Законот за електронски комуникации: Во првиот бран ќе бидат забранети над 160 веб страници за нелегално коцкање
При вонредни 165 надзори во магацини и ладилници за храна, утврдени недоследности кај 41 оператор