Илон Маск ја поддржа објавата во кој се обвинува украинскиот претседател Володимир Зеленски дека ги става моќта и парите поважни од постигнувањето мир, додека Соединетите држави се обидуваат да преговараат за крај на војната во Украина.
„Зеленски не сака мир, тој сака пари и моќ“, напиша во вторникот корисник на платформата Х на Маск, на што Маск одговори со емотиконот „100“, кој обично се користи како знак на силна согласност со напишаното или како израз на силна поддршка.
Маск претходно ги исмеваше повиците на Зеленски за помош од Западот за одбрана на земјата од руска инвазија и ја исмеваше неговата изјава дека Украина е суверена држава која не може да биде принудена на преговори со Русија.
На почетокот на војната, Маск донираше илјадници сателитски интернет терминали „Старлинк“ на Украина за да ги замени уништените комуникациски мрежи, поради што првично се сметаше за еден од клучните сојузници на Киев.
Но, тој наратив се промени откако тој почна да го шири она што Украина го нарекува проруска пропаганда преку платформата Х.
Оттогаш тој ја критикуваше американската воена помош за Украина, нарекувајќи ја „неконтролирана и без јасна цел“ и стана остар критичар на Зеленски.
Маск неочекувано се приклучи на телефонскиот разговор меѓу Трамп и Зеленски во ноември минатата година.
Според тогашниот украински претставник, разговорот бил нормален, а Зеленски му се заблагодарил на Маск што го донирал терминалот Старлинк.