Со традиционалното палење на маските во центарот на Вевчани, денеска заврши Вевчанскиот карневал 2025.

Поранешните министри од ДУИ, Груби, Бесими и Шаќири, како играат фудбал во кабинетот на Груби, како и потрагата по Груби, кој е во бегство, беа најинтересните маски, помеѓу стотината, кои годинава предизвикаа најголемо внимание на Вевчанскиот карневал. Вевчанци и годинава ја покажаа својата смисла за хумор, исмејувајќи ги општествените и политички случувања минатата година, а на удар секогаш се и носителите на јавни и политички функции.

Вевчанскиот карневал, кој датира од настанокот на Вевчани, симболизира два паралелни света, едниот му припаѓа на пагнаството, а другиот на христијанството. Пишани извори сведочат дека карневалот е стар најмалку 1.460 години. Задолжителни елементи на карневалот се зетот и невестата кои се симбол на плодноста и продолжувањето на семејството, двата ѓавола, кои олицетворение на злото и двајцата глупави Августи кои ги штитат од злото. Со манифестацијата се одбележува христијанскиот празник Св. Василиј Велики или доаѓањето на новата година по стариот, Јулијанскиот календар.

ИЗДВОЕНИ