Маската „Танц на ангелите“ најдобра на Прилепскиот карневал

25

Карневалската жири-комисија ги додели и другите награди за најуспешни карневалски маски. Најдобра групна е маската „Принцови и принцези“ од училиштето „Кочо Рацин“, а најдобра поединечна маска е маската на Мила Спиркоска од ОУ „Климент Охридски“, насловена „Кити брди“. Најдобра традиционална маска на годинашниот Прилепски карневал е „Јаничари“ на учесниците од селото Врбјани, Општина Кривогаштани

Маската „Танц на ангелите“ на учениците од прилепското основно училиште „Кочо Рацин“ е прогласена за најдобра маска на прилепскиот карневал „Прочка 2025“.

Карневалската жири-комисија ги додели и другите награди за најуспешни карневалски маски. Најдобра групна е маската „Принцови и принцези“ од училиштето „Кочо Рацин“, а најдобра поединечна маска е маската на Мила Спиркоска од ОУ „Климент Охридски“, насловена „Кити брди“.

Најдобра традиционална маска на годинашниот Прилепски карневал е „Јаничари“ на учесниците од селото Врбјани, Општина Кривогаштани.

На годинашниот 23. карневал во Прилеп учествуваа над 600 маскирани од Прилеп и од повеќе градови од земјава. Главното дефиле се одржа во неделата напладне, во центарот на Прилеп.

Денеска напладне, на Чист понеделник, Здружението „Прилепски мечкари“, за сите учесници, го организира традиционалниот посен ручек во манастирот „Свети Ѓорѓија“, кај прилепското село Присад.

Тридневните карневалски свечености во Прилеп опфатија и изложба на преку 800 маски, како и презентација на обичаи за Прочка.

 

 

 

ИЗДВОЕНИ