Маск со одговор на петицијата да му биде одземено канадското државјанство: Канада не е вистинска земја

37
epa11911562 US entrepreneur and US special government employee Elon Musk at the Conservative Political Action Conference (CPAC) 2025 at National Harbor, Maryland, USA, 20 February 2025. The Conservative Political Action Conference is an annual political conference attended by conservative activists and elected officials from across the United States and beyond. EPA-EFE/WILL OLIVER / POOL

Шефот на американското Министерство за владина ефикасност (DOGE), Илон Маск, одговори на петицијата со илјадници потписи од Канаѓаните кои бараат да му се одземе канадското државјанство.

Тој на мрежата Х објави дека Канада не е „вистинска земја“.

Претходно, повеќе од 160.000 Канаѓани потпишаа онлајн петиција со која се бара на Маск, кој е канадски државјанин од 1989 година, да му биде одземено државјанството поради наводно мешање во канадските избори и дејствување против интересите на земјата. До денеска таа бројка се искачи на 250.000 потписници на петицијата.

Петицијата за одземање на канадското државјанство на Маск, поради неговите блиски врски со американскиот претседател Доналд Трамп, кој повеќепати јавно ја изразуваше својата желба Канада да стане дел од Соединетите држави, во Долниот дом ја покрена Квалија Рид од Британска Колумбија.

Петициите, како онаа што беше започната да му се одземе државјанството на Маск, бараат 500 или повеќе потписи да бидат одобрени за презентација во Домот на општините на Канада и потенцијално да добијат официјален одговор од владата.

Маск, кој е роден во Јужна Африка и раководи со американски компании, вклучувајќи ги Тесла, Спејс Икс и Платформа Х, има канадско државјанство преку неговата мајка Маја Маск и е шеф на Одделот за владина ефикасност во администрацијата на Трамп.

Петицијата за одземање на државјанството на Маск, поднесена на 20 февруари, го обвинува тој, како сојузник на Трамп, „ангажман во активности кои се спротивни на националниот интерес на Канада“.

Во петицијата се тврди дека усогласувањето со Трамп го прави Маск „член на странска влада која се обидува да го избрише канадскиот суверенитет“ и го повикува канадскиот премиер Џастин Трудо веднаш да му го одземе канадскиот пасош и државјанството.

Трамп често го исмејуваше Трудо како „гувернер“, позицијата шеф на една американска држава и постојано го изразуваше своето мислење во јавноста дека Канада треба да стане 51-та држава на САД.

ИЗДВОЕНИ