Американскиот милијардер Илон Маск, кој е и близок соработник на американскиот претседател Доналд Трамп, денеска преку видео порака на почетокот на изборната кампања за парламентарните избори ја потврди својата поддршка за крајнодесничарската партија Алтернатива за Германија (AfD).
„Многу е важно луѓето во Германија да се гордеат што се Германци“, рече Маск во обраќањето преку видео-врска на митингот на АфД во Хале ан дер Заал, истакнувајќи дека германската култура датира „илјадници години“ и дека римскиот император Јулиј Цезар бил „импресиониран“ од борбениот дух на германските племиња, објави NTV.de.
Маск рече дека сегашната германска сојузна влада не е заинтересирана за „здравјето и благосостојбата на германскиот народ“, и дека наместо да се занимава со овие прашања, „владата агресивно ја задушува слободата на изразување“.