Маск преку снимка кажа што мисли за царините на Трамп? Дали му дојде крај на сојузништвото?/ВИДЕО

84
EPA-EFE/WILL OLIVER

Илон Маск сподели видео на платформата X во кое ги велича придобивките од слободните пазари и сложените синџири на снабдување. Објавата на Илон Маск привлече големо внимание бидејќи доаѓа само неколку дена откако претседателот на САД, Доналд Трамп, најави воведување царини за голем број земји.

Во видеото, користејќи го примерот на обичен молив, американскиот економист Милтон Фридман објасни како различни фази во различни делови на светот придонеле за неговото создавање.

„Буквално илјадници луѓе работеа заедно за да го направат ова моливче“, рече Фридман, кој почина пред речиси 20 години.

Тоа е „магијата на системот на цени“, додаде тој, и „затоа е толку важно работењето на слободниот пазар“.

„Не само да се промовира ефикасноста на производството, туку уште повеќе да се промовира хармонијата и мирот меѓу народите во светот“, рече тој.

Бројни корисници на социјалната мрежа коментираат дека тоа е во целосна спротивност со царините на Трамп, кои ги поткопуваат основите на слободната трговија и повикаа на итно укинување на царините и враќање на слободната трговија.

Веќе некое време се зборува за конфликти меѓу Илон Маск и одредени актери од администрацијата на Трамп.

ИЗДВОЕНИ