Маск: Пожарот во салонот на Тесла во Рим беше терористички чин

266

Пожарот во салонот на Тесла во Рим, кој уништи 17 автомобили, е терористички чин, изјави денеска американскиот милијардер и сопственик на Тесла, Илон Маск.

Италијанската специјална полициска единица Дигос ја истражува можноста анархисти да запалиле автомобили во источната периферија на италијанската престолнина, објави Ројтерс, повикувајќи се на извор од безбедносните сили.

Автомобилите на Tesla станаа мета на вандализам во неколку земји како одговор на десничарскиот активизам на Маск, пренесува Танјуг.

Демонстрантите се собраа пред застапниците на автомобили на Тесла во неколку американски и европски градови во саботата, протестирајќи и против отпуштањата што ги спроведува американското Министерство за владина ефикасност (DOGE), на чие чело е Маск.

Протести се одржаа пред дилерите на Tesla во Њу Џерси, Масачусетс, Конектикат, Њујорк, Мериленд, Минесота и Тексас и големите американски градови како Вашингтон, Чикаго, Синсинати и Сиетл.

Демонстрации против Маск се одржани и во други делови на светот, вклучително и група луѓе собрани во Лондон пред застапништвото на Тесла за да се спротивстават на неговата политика.

ИЗДВОЕНИ