Маск: Постои „жив“ Американец кој има 360 години, друг роден 2154 година примил социјална помош од 41.000 долари

225
EPA-EFE/LUDOVIC MARIN

Американското Министерство за владина ефикасност (DOGE), на чело со милијардерот Илон Маск, откри неименувано лице чија година на раѓање е запишана како 2154 година, која добил социјална помош од 41.000 долари.

Истрагата на Одделот покажа дека најмалку 24.500 луѓе на возраст над 115 години побарале бенефиции во вкупна вредност од 59 милиони долари, пишува Дејли мејл.

Во исто време, најмалку 28.000 луѓе на возраст под пет години побарале бенефиции од 254 милиони долари, како и 9.700 лица со датум на раѓање повеќе од 15 години во иднина.

Маск објави табела на X мрежата на која се прикажани повеќе од 20 милиони Американци на возраст над 100 години, вклучувајќи 3,9 милиони во опсегот 130-139, повеќе од 3,5 милиони во опсегот на возраст од 140-149 и повеќе од 1,3 милиони во опсегот 150-159.

Записите покажуваат и дека има „жив“ американски државјанин кој има над 360 години, пренесува Танјуг.

Американското Министерство за здравство и агенција за човечки услуги има рекордно 60 милиони луѓе повеќе од целата американска популација, што значи дека милиони луѓе кои веќе не се живи или можеби никогаш не постоеле можеби примаат месечни чекови за социјална помош, пренесува Танјуг.

Одделот за владина ефикасност (DOGE) истражува дали парите на даночните обврзници биле користени незаконски или преку измама, откако претседателот Доналд Трамп им вети на гласачите огромни заштеди во федералната влада.

ИЗДВОЕНИ