Милијардерот и сопственик на компанијата „X.ai“, Илон Маск, го најави објавувањето на бета верзијата на моделот за вештачка интелигенција (AI) „Grok 3.5“, кој ќе може точно да одговори на сложени технички прашања, вклучувајќи ракетна наука и електрохемија.
„Следната недела, „Grok 3.5“ ќе биде во рана бета верзија, достапна само за претплатници на SuperGrok. Ова е првата вештачка интелигенција што може точно да одговори на технички прашања за ракетни мотори или електрохемија“, напиша Маск на X.
Маск истакна дека Grok 3.5 ќе користи расудување базирано на први принципи, што значи дека ќе анализира проблеми врз основа на фундаментални факти и закони и ќе генерира одговори самостојно, без потреба да бара готови решенија на интернет.