Американскиот бизнисмен Илон Маск е изненаден од изјавата на претседателот на Украина Володимир Зеленски дека ништо не зависи од новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во врска со поканата за Украина за членство во НАТО.
Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека ќе го покани американскиот претседател во заминување Џозеф Бајден да разговара за прашањето за покана на Украина во НАТО.
Маск на ова реагираше со „смајли“ на човек со крената веѓа.
— Elon Musk (@elonmusk) December 9, 2024
Зеленски, кој вчера во Киев се сретна со кандидатот за нов германски канцелар Фридрих Мерц, уште еднаш кажа дека членството на Киев во НАТО е важно за Украина, но и за Европа и САД.