Маск му одговори на Трамп: „Договорено, господине претседателе“

500

Откако Трамп на својата платформа Трут сошал напиша дека Маск извршува одлична работа, но дека може да биде поагресивен во настојнувањата да ја намали сојузната влада, пристигна и одговор од Маск.

„Договорено, господине претседателе“, напиша Маск на Х.

 

Инаку, американскиот претседател Доналд Трамп го повика милијардерот Елон Маск да биде поагресивен во своите настојувања да ја намали сојузната влада и покрај бунтот поради отказите и големите кратења на нејзините трошоци.

„Елон врши одлична работа, но би сакал да е поагресивен“, објави Трамп на својата платформа Трут сошал. „Запаметете, имаме земја која треба да ја спасиме, но првенствено да ја направиме поголема од кога и да било претходно“.

Одделот за владина ефикасност на Маск, т.е. DOGE – тело кое го создаде Трамп – ги збриша агенциите на сојузната влада, отпуштајќи десетици илјади владини службеници, од научници до чувари на паркови, главно оние на пробен работен рок.

По новите кратења најавени вчера, американскиот министер за одбрана ќе го цивилниот персонал за најмалку пет отсто од идната седмица. Трамп веќе во петокот го отпушти шефот на Здружениот Генералштаб, Ч.К. Браун и најави деа ќе замени пет други високопозиционирани  функционери во рамките на невидена реорганизација на американскиот воен врв.

ИЗДВОЕНИ