Маск може да го купи ТикТок!

14
EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека е отворен за идејата милијардерот Илон Маск да ја купи апликацијата за социјално вмрежување ТикТок, доколку сака да го стори тоа.

„Би се согласил, доколку сака да го купи“, им рече Трамп на новинарите на прашањето дали би се согласил Маск да го купи ТикТок, објави Ројтерс.

Како нов претседател на САД, Трамп го одложи стапувањето во сила на законот со кој се забранува кинеската апликација TikTok, која претходно требаше да биде затворена на 19 јануари, поради барањата на САД, Кина да се излезе од сопствеништвото на нејзината матична компанија ByteDance, пренесува Танјуг.

ИЗДВОЕНИ