Илон Маск, мултимилијардерот и сопственик на компаниите „Тесла“ и „Х“, со група инвеститори понудил 97,4 милијарди долари за купување на „Опен АИ“, но добил брутален одговор од Сем Алтман, извршниот директор на оваа компанија, пишува „Си-ен-ен“. Тој на новата десна рака на американскиот претседател Доналд Трамп и одговори на жесток начин, дури и јавно го понижи на својата социјална мрежа „Х“.
Алтман му понудил на Маск да ја купи неговата социјална мрежа „Х“ за „само“ 9,84 милијарди долари. Тоа е дури четири пати помалку од 44 милијарди долари што Маск ги плати за купување на социјалната мрежа „Икс“, поранешен „Твитер“ во 2022 година.
„Илон долго време се обидува да ги спроведе своите идеи. Ова е последна, епизода е оваа недела. Би сакал да имам натпревар за тоа кој има подобар производ, но мислам дека тој има тактика.
Прво голем број тужби, а сега ова. Ќе продолжиме да работиме напорно и да не се мешаме во овие работи. Веројатно цел живот се бори со своите несигурности, го жалам.
Мислам дека не е среќна личност. Навистина ми е жал за него. Не сум загрижен за неговата важна позиција во администрацијата на претседателот Доналд Трамп, можеби треба да бидам, но не сум затоа што секој ден мислам како да ја подобриме нашата технологија“, изјави Алтман во интервју за „Блумберг“.
Историја на конфликтот помеѓу Маск и Алтман
Илон Маск и Сем Алтман се познаваат долго време и овој конфликт „не е од вчера“. Маск беше еден од ко-основачите на „OpenAI“ во 2015 година, но потоа ја напушти компанијата во 2018 година.
Вредноста на „OpenAI“ драстично се зголеми во изминатите три години, од лансирањето на „ChatGPT“ кон крајот на 2022 година. Вредноста на компанијата се проценува на повеќе од 80 милијарди долари.