Мексиканскиот милијардер Карлос Слим официјално ја прекина соработката со Starlink на Илон Маск, одлучувајќи да инвестира во сопствената телекомуникациска инфраструктура и сателитска технологија.
Имено, неговата компанија América Móvil најави инвестиција од 22 милијарди американски долари во следните три години за подобрување на мрежата, што претставува значајна стратешка промена во латиноамериканската телекомуникациска индустрија, пренесува MSN. Оваа одлука ќе му нанесе финансиски удар на Starlink, која сметаше на профитабилно партнерство во регионот.
Тензиите меѓу двајцата милијардери, наводно, ескалирале откако Маск сподели контроверзна објава на социјалните мрежи, што имплицира дека Слим имал врски со организираниот криминал. Неколку минути по таа објава, Слим го откажа партнерството со Starlink, што го чинеше Маск загуба од околу 7 милијарди долари.
Набргу потоа, Слим ги објави плановите да ги пренасочи своите петгодишни проекти на Starlink кон европските и кинеските компании, со што дополнително ќе се намали американското комерцијално присуство во регионот.