Maск, Гејтс и Цукерберг изгубија милијарди: Само еден милијардер профитираше по царините на Трамп/ФОТО

550

Глобалните пазари забележаа голем пад по новите американски царини. Сепак, Ворен Бафет профитираше доста.

Глобалните пазари забележаа драстичен пад по воведувањето на царинските тарифи воведени од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. Њујоршката берза доживеа пад веднаш по отворањето на првиот ден по воведувањето на царинските тарифи, а според податоците на „Bloomberg Billionaires Index“, Ворен Бафет е единствениот чие богатство драстично се зголемило.

Според податоците на „BBI“, нето вредноста на Бафет, еден од 10-те најбогати луѓе во светот, се зголемила за 12,7 милијарди долари во текот на 2025 година. Останатите милијардери како Илон Маск, Џеф Безос, Марк Закерберг, Бил Гејтс и други забележале големи загуби.

Пазарниот шок предизвикан од воведувањето царински мерки на кинески стоки и европски производи „збриша“ речиси осум милијарди долари пазарна вредност за само неколку дена. Најтешко се погодени технолошките милијардери како Илон Маск кој изгубил дури 130 милијарди долари од почетокот на годината, Џеф Безос кој изгубил околу 45 милијарди долари, додека Марк Какерберг изгубил околу 28 милијарди долари.

ИЗДВОЕНИ